Thursday, December 24, 2009

Првенство 2009 Скопје






































video
видеото од е од финалната стаза,а од супер финале е на YouTube.


Извинете што пишувам толку касно после Првенството,ама чекав да ми ги пратат сликите од натпреварот за да биде добар постот.Добар натпревар со супер финале :) честито на Ване за тоа што стана најмладиот шампион на Македонија и Горан(малик) за неверојатната сила,секоја чест за двајцата !!! На овој натпревар јас завршив трет ама сите качивме исто на сите стази така да можеби требаше да има нова стаза за во супер финале а не само 3-4 нови фаќалишта,ама тоа е тоа се надевам дека на следниве натпревари нема да има технички инциденти од стилот на свртени комплети и слично. Спортски Поздрав

Wednesday, November 25, 2009

Слики од Скопје































Минатиов викенд бев во Скопје на тренинг и на Маткино Трло на качување на природна карпа(немав допрено карпа 3 месеци пред тоа).Се изненадив од тоа што се ми беше тешко иако смеровите што ги качував беа лесни,сум изгубил осет за природна карпа.Се надевам дека следниот период ке одам повторно некаде на природна карпа за да повторно влезам во шема.

А останатите денови одев на машински каде што се качуваше доста добро,правевме и брзинско со Декла каде што тој беше побрз, Браво за ДЕКЛА !!!

п.с. еве слики од машински се надевам Пуци ке ми прати од Трло па ке ги закачам и нив.(eве ги и сликите од Пуци,иначе да спомнам само пуцка не оди на трло без колбаси ) :)

Saturday, November 14, 2009

Нешто од бугарија





video
еве и видео од Втората стаза во софија!!!
Ајде и тоа пројде за прв пат на Балканско Првенство и тоа кај бугарите.Натпреварот беше супер само што јас бев за никаде ама тоа ти е кога не одиш по натпревари често и наеднаш на голем натпревар како овој,стазите беа бомба не беа ептен тешки ниту на една не бев напумпан ама тремата ме изеде скрос,толку трема никогаш не сум имал во животот !!! Ако некогаш одам пак на големи натпревари ке треба да учествувам повеке на нашиве да поработам на тремата. се на се убав натпревар со многу мои грешки :)


поздрав

успат да кажама фала на ВЕРТИКАЛ СПОРТ за новите патики :)

Friday, October 30, 2009

Сестра ми на Island Peak













На 29 во 10 часот сестра ми се искачи на врвот Island Peak на Хималаите!!!

Според тоа што ми пиша денес таа се чувствува добро и веке почнале да слегуваат накај Катманду,така да откако ке ми пише и ке ми прати некои слики ке ги постирам :)

горд сум на тебе БИЛЕ !!!

Wednesday, October 28, 2009

Слики од Скопје (машински)

Eве и некои слики од тренинзите во Скопје во салата на машински факултет(фала на екстрем што ми даваат да тренирам со нив) :-)


















Friday, October 23, 2009

Нешто за сестра ми која е на Хималаите :)

Пред недела време сестра ми Билјана замина на Хималаите на искачување на Island Peak(6183 м.).Тие веке се почнати со искачувањето на врвот.Од последниот емаил сестра ми кажа дека се е добро и дека добро се чувствува така да се надеваме на искачување на врвот во нареднава недела.

Спортски поздрав.

емаиловите што ми ги прати се во коментари.... >>-------------->

Saturday, October 17, 2009

Качување и многу тренинзи во Скопје





















Периодов често одев за Скопје на тренинзи за викендите.Тренирав ептен многу понекогаш и по два пати во ден по 6 часа,но мегутоа немам слики од тренинзите па затоа ставам некои стари слики и видеа од поодамна.
поздрав !!!
video video
Тоа видео e на природна карпа и е првиот 7c+ смер во светот и се наога во Ла Турбие, пред 2 години бевме во Ла турбие и го качувавме овој смер :) многу ми е драго што најдов видео од истиот :)

Monday, September 28, 2009

Нови Инструктори !!!


Нека им е со Среќа на новите Инструктори!!!
На 19-20.09.2009 во Демир Капија имаше семинар за инструктори каде некои мои драги луге се здобија
со сертификат СПОРТСКИ КАЧУВАЧ ИНСТРУКТОР.Искрено се надевам дека ке имаат многу клиенти и дека од тие
бар дел ке станат добри спортски качувачи...качување немаше многу ама има нова насока која ја направи Брба
и е екстра долга (заслужува да се уложи време во неа).

п.с.Извинете што не пишувам редовно на блогот ама не сум активен периодов!!!
(се надевам ке се наредат некои работи како очекувам и повторно ке почнам да качувам активно)

спортски поздрав :)

Friday, August 28, 2009

Нови слики од Демир Капија






Tuesday, June 23, 2009

Нешто од Демир Капија


Малце заборавив да пишувам на Блогот,затоа еве сега некоја фотографија од последното патување до Демир Капија,каде последниов период одам почесто.
Сега и скалите се направени така да немора да се минува низ река,има нови смерови,има убава клима (баш е свежо за качување),убава храна,Жути ни е уште таму.....Се е убаво !!!Новите смерови се бомба некои од нив ги качив,некои од нив следниот пат....Така да секој кој сака добар climbing дефинитивно Демир Капија ке биде Топ место за сега .

















 
Site Meter